Македонскиот репрезентативец Димитар Караџовски е многу блиску до заминување од редовите на Куманово и преселба во тимот на Работнички. Искусниот плејмејкер е еден од лидерите на подмладениот состав на кумановци сезонава, но ЕКИПА дознава дека пред почетокот на Суперлигата тој ќе го напушти овој тим.
Работнички покажуваше интерес за Караџовски и кон крајот на минатата година, тогаш трансферот не се реализираше, но како што стојат работите кошаркарот сега ќе се пресели во „Градски парк“. Тој би бил огромно засилување за составот на Марин Докузовски во клучната фаза од сезоната и битката за шампионската титула.
Како што стојат работите, Караџовски ќе настапи на последниот меч за Куманово против тимот на Гостивар од регуларниот дел, важен натпревар во битка за четвртото место на табелата по што ќе следи преселба во редовите на „црвено-белите“ од Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА