Федерер: Не ни заслужувам да сум прв по фијаското во Мајами

Роџер Федерер се уште е разочаран од случувањата на последниот Мастерс-турнир во Мајами, каде Швајцарецот неочекувано загуби од Танаси Кокинакис веќе во второто коло. Ова беше само втор пораз во кариерата на Федерер на тврда подлога од играчи надвор од Топ 100, па јасно е зошто швајцарскиот ас не може да го преболи неуспехот по кој го загуби и првото место на АТП-листата.

Така се чувствувам… навистина лошо. Имав свои шанси да победам, на моменти јас имав лоши одлуки, на моменти тој ќе одиграше одличен потег. Имам многу слични мечеви низ кариерата на кои сум нашол начин да победам, овојпат тоа не се случи. Слободно може да се каже дека мојот настап во Мајами е фијаско, а по такво издание не ни заслужувам да сум прв во светот“ – изјави Федерер.

Тој одлучи исто како и лани воопшто да не настапи на турнирите на земјена подлога, а својот камбек ќе го има „на трева“, на некој од турнирите што ќе биде увертира за Вимблдон.

Се вчитува...