Европската фудбалска Куќа донесе ново правило во Лигата на шампиони и Лигата на Европа кое ќе важи од следната сезона. Од сега тимовите ќе можат да одредат 12 потенцијални измени за секој меч, наместо седум како што досега се применуваше. Подолгата клупа веќе години наназад се употребува во Италија, а од сега тренерите ќе имаат поголем избор за правење измени во текот на мечот.
Како што веќе е познато, УЕФА воведе правило да се извршува и четврта измена доколку во европските натпревари од нокаут фазата се игра и продолжение. Што се однесува за финалните пресметки во ЛШ или ЛЕ, како и европскиот Супер – куп, тимовите ќе можат да пријават по 23 играчи за настап.
Сите оние тимови кои ќе обезбедат пласман во нокаут фазата во овие две натпреварувања, ќе може да регистрираат по три нови играчи во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА