ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, направи четири замени во стартниот состав за денешниот пријателски натпревар против Азербејџан, а во однос на претходниот меч против Финска. Шанса за настап сега добија Бобан Николов, Марјан Радески, Иван Тричковски и Александар Трајковски, кои беа резерви на првиот меч со Финска.
На клупата овојпат останаа Аријан Адеми, Стефан Спировски, Езгјан Алиоски и Илија Несторовски.
Македонија ќе го почне мечот во следниот состав: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски, Николов, Барди, Радески, Тричковски, Пандев, Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА