Вкупно 23 медали за македонските кикбоксери на Балканскиот Куп во БиХ

Македонската кикбокс репрезентација имаше одличен настап на Балканскиот кик бокс Куп за сите возрасни категории во дисциплините PF, LC, KL, K1, LK, кој се одржа во Тешањ, БиХ.

Во конукренција на 490 натпреварувачи од 96 клубови од 15 држави во вкупно 707 борби, Македонија учествуваше со 9 кик-бокс клубови и вкупно 23 натпреварувачи, притоа освојувајќи вкупно 23 медали. Носители на медали за македонската репрезентација од Балканскиот куп се:

– Бобан Илиоски – КБК ШАМПИОН Скопје – златен медал
– Марко Тодоров – КБК ШАМПИОН Скопје – бронзен медал
– Ледон Рамадани – КБК ШАМПИОН Скопје – бронзен медал

– Викторија Варадинова – КБК ШАМПИОН Скопје – 2 сребрени медали

– Филип Ризов – КБК БУДО Кавадарци – 2 златни медали
– Блаже Настов – КБК БУДО Кавадарци – 1 златен и 1 сребрен медал
– Ристе Атанасов – КБК БУДО Кавадарци – златен медал

– Стефан Димитриовски – КБК ГЛАДИЈАТОР Скопје – златен медал
– Дарко Најдов – КБК ГЛАДИЈАТОР Скопје – сребрен медал
– Марко Горневски– КБК ГЛАДИЈАТОР Скопје – сребрен медал
– Марија Јанева– КБК ГЛАДИЈАТОР Неготино – 1 сребрен и 1 бронзен медал
– Мартин Митиќ– КБК ГЛАДИЈАТОР Неготино – бронзен медал
– Медин Ахмети – КБК НАСКО-ТИМ Скопје – златен медал
– Енес Азири – КБК НАСКО-ТИМ Скопје – златен медал
– Фезир Азири – КБК НАСКО-ТИМ Скопје – бронзен медал
– Акан Адемов – КБК Д-ЏИМ – Штип – бронзен медал
– Кристијан Корпашов – КБК Д-ЏИМ – Штип – бронзен медал
– Петар Михов – КБК Д-ЏИМ – Штип – бронзен медал
– Димитар Ѓорѓиев – КБК РАБОТНИЧКИ – АДОРА –Скопје – златен медал

 

Блаже Настов

Меѓу сите македонски репрезентативци дополнителен пехар за најдобар јуниор на турнирот доби Блаже Настов од КБК Будо од Кавадарци.

Македонската репрезентација на овој куп замина со 32 свои претставници и истата ја предводеше претседателот на КБФМ а воедно и селектор на македонската репрезентација Дејан Митровски – Урко, заедно со Драган Атанасовски – генералниот секретар на КБФМ, исто така и тренер на репрезентацијата, и со уште шест тренери, двајца судии и 23 натпреварувачи.

„Јас како претседател на КВФМ задоволен сум од успехот на сите наши натпреварувачи во БиХ. Од поединечните настапи секако жал ни е што Викторија Варадинов поради повреда на лактото не стигна до златото кое објективно и припаѓа, како и за Дарко Најдов кој се бореше со пукната коска на раката, повреда која ја доби на почетокот од борбата, но машки ја издржа до крај. Сите борци покажаа одлична подготвено и може слободно да кажам дека се во потесниот круг да бидат дел од македонската репрезентација која ќе не претставува на престојните Европски и Светски првенства. Ќе го истакна Бобан Илиовски кој сите борби на последните првенства оваа година ги завршува со нокаути. 100% е посветен на кикбоксот и затоа неизбежно следат позитивните резултати. Изненади и Филип Ризов кој имаше одлични борби потврдувајќи дека е подготвен да ги брани боите на нашата земја како дел од репрезентацијата на следните Европски и Светски првенства“ – ни изјави по турнирот претседателот на КБФВ, Дејан Митровски – Урко.

Се вчитува...