Управниот одбор на МКФ одлучи дека нема да има проширување на Првата лига, првенството и следната сезона ќе се придржува до форматот од 12 екипи – учесници. По предлогот од страна на КК Шкупи на денешната седница, одбор не ја прифати иницијативата на клубот првенството да добие два нови прволигаши, додека тимот од Чаир доби поддршка за оваа идеја од само две други екипи.
МКФ потврди дека нема да се донесе никаква одлука за проширување среде сезона бидејќи тоа би довело до прекршување на одредени правила на ФИБА. Одборот смета дека ново проширување во новата сезона засега не е добра идеја, но ако постои можност за таков потег при целосно испланирана стратегија, идејата ќе се разгледува во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА