Младиот германски тенисер Александер Зверев се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами по рутинска и убедлива победа против Ник Киргиос.
Зверев, кој славеше со 2-0 во сетови 6-4,6-4, по еден час и 12 минути игра, во четвртфиналето ќе се сретне со Борна Чориќ кој игра во извонредна форма.
Синоќа е одигран уште еден меч на машиот турнир од осминафиналето во Мајами. Андерсон беше подобар од Американецот Тиафое со 7-6,6-4, закажувајќи меч со Карено-Буста.
На женскиот турнир Белорусинката Азаренка беше подобра од Плишкова од Чешка победувајќи со 7-5,6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА