Многу често во последно време некој прави невкусни шеги на сметка на Лоренцо Инсиње. Фудбалските фанатици ширум светот во неколку наврати забележаа дека нешто необично се случува за време на изведбата на химните.
Кога и да се најде Инсиње во стартниот состав, без разлика дали се работи за Италија или Наполи, со него на теренот излегува највисокото дете, па често се случува камерите да го изгубат од кадар кога се пеат химните. Дали е случајно, или пак за каква шега станува збор, никој не знае. Само што веќе станува непријатно, очигледно на Италијанецот му е непријатно кога камерата ќе го долови овој момент.
Инаку Инсиње е висок само 163 сантиметри, неодамна во едно интервју истакна дека како мал пател од комплексот дека е низок и бил на работ да се откаже од фудбалот.



https://twitter.com/melanierenzulli/status/917463195098415104
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

