Андонова со Барселона доживеа елиминација во ЛШ од Лион

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со својот тим Барселона го заврши патот во Лигата на шампионките во четвртфиналната фаза. Таа и нејзините соиграчки од каталонскиот тим се елиминирани од францускиот тим Лион, кој славеше на двата дуели од двомечот. По триумфот од 2-1 во Франција, фудбалерките на Лион вечерва на „Камп Ноу“ беа подобри и победија со 0-1, со голот на Еугени Ле Сомер во 62.минута.

Наташа Андонова на овој меч беше во стартниот состав на Барселона и играше до 72.минута, кога на нејзино место во игра влезе Барбара Латоре.

 

Се вчитува...