Јувентус на лето го купува Иско?

Италијанскиот првак Јувентус е подготвен да влезе во преговори за ангажман на шпанскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Иско Аларкон. Тој одигра фантастичен натпревар против Аргентина за „црвената фурија“ и потсети дека се уште е меѓу најдобрите играчи за врска во светот, иако оваа сезона добива мала минутажа во „кралскиот клуб“. Ова сака да го искористи „старата дама“ и да го доведе во Торино како замена за Миралем Пјаниќ, кој најверојатно ќе се пресели во Пари Сен Жермен.

Италијанските медиуми откриваат дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го потцртал името на Иско кај раководството на клубот како прва опција за ново засилување во средниот ред. Од друга страна, во шпанската јавност ова е оценето како обид на Јувентус да создаде немир во редовите на Реал Мадрид пред двомечот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...