Остапенко подобра од Свитолина за прво полуфинале

Летонската тенисерка Олена Остапенко прв пат во кариерата се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами.  Остапенко во четвртфиналниот меч, во два сета ја победи Украинката Елина Свитолина, со 7-6, 7-6.

Дуелот меѓу петата и четвртата тенисерка во светот траеше еден час и 50 минути, на крај Летонката демонстрираше поголема сигурност и концентрација и стигна до посакуваниот триумф.

За пласамн во финалето, Остапенко ќе се бори против  победничката од дуелот меѓу Венус Вилијамс и Даниела Колинс.

Во второто полуфинале ќе играат Викторија Азаренка и Слоун Стивенс.

На машкиот дел од турнирот во Мајами, Хуам Мартин дел Потро во три сета го победи Милош Раониќ со 5-7, 7-6, 7-6 и обезбеди место во полуфиналето.

Следен противник на Дел Потро ќе му биде Американецот  Џон Иснер кој со многу полесен триумф стигна до мечот за финале. Во полуфиналната пресметка Иснер го победи Кореанецот Хуеон Чунг со 6-1, 6-4, во мечот кој траеше само еден час и девет минути.

Се вчитува...