Светската тениска федерација (ИТФ) секоја година ги наградува тенисерите и тенисерките за пожртвуваност и резултатите во Дејвис Купот и во ФЕД Купот. Наградата кај тенисерките ја доби 17-годишната Србинка Олга Даниловиќ, ќерка на порашениот српски репрезентативец Предраг Даниловиќ.
Олга досега освоила три ИТФ титули, играше во четвртфиналето на јуниорскиот УС Опен, а оваа година првпат се најде и во ТОП 300 на ВТА ранг листата, во моментов на 261. место.
ИТФ и ја додели наградата „Храбро срце“, со чек од 10.000 долари. А, таа се одлучи парите да ги даде за болница во Белград…
„Парите ќе ги донирам за детската болница Тиршова во Белград. Се надевам дека мојот допринес барем малку ќе и помогне на лекарите кои секојдневно се жртвуваат за детските животи“ – изјави Даниловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА