Фајнлфор турнирот од БИБЛ регионалната лига оваа година ќе се одржи на 14. и 15. април во бугарски Самоков, информираат од раководството на БИБЛ лигата.
Македонија на турнирот на најдобрите од БИБЛ лигата ќе биде претставувана од Блокотехна која со одличните игри сезонава во регионалното натпреварување се избори за место меѓу најдобрите четири екипи.
Како што информираат од раководството на БИБЛ, Блокотехна и покрај тоа што ги исполни сите услови и за организација на Ф4 сепак останала без домаќинство на истото само поради неможноста да бидат обезбедени директни ТВ преноси од собирот на најдобрите поради зафатеноста на Македонската радио телевизија. Токму само тоа е разликата, поради што Самоков и КК Рилски спортист се одбрани да бидат домаќини.
Натпреварите од Ф4 турнирот ќе бидат продуцирани и пренесувани од страна на Бугарската национална телевизија која дала согласност да биде дистрибутерот на сигналот од годинашниот собир на најдобрите во БИБЛ лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА