Италијанскиот првак Јувентус вечерва го пречекува Милан во дербито на колото во Серија А, но тренерот Масимилијано Алегри нема да може да смета на услугите на двајца прввотимци. Поради повреди надвор од комбинација за овој меч останаа хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ и Бразилецот Алекс Сандро.
Манџукиќ отпадна во последен момент откако заработи повреда на левата нога на последниот тренинг, додека Алекс Сандро ќе биде поштеден за првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тој исто така се жали на болки во скочниот зглоб и Алегри реши да не ризикува со него.
Сепак, добра вест за „старата дама“ е што во составот се враќа дефанзивецот Џорџо Кјелини, со кого одбраната ќе биде значително посигурна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА