Андре Агаси и Новак Ѓоковиќ се разделија, објави „ЕСПН“. Српскиот тенисер ќе мора да бара нов тренер кој ќе се обиде да го врати во старата препознатлива форма.
„Имав најдобри намери, се обидов да му помогнам на Новак. Но, пречесто не се согласувавме околу некои работи. Му посакувам се најдобро во продолжението од кариерата“, изјави Андре Агаси.
Српскиот тенисер и легендарниот Американец ја започнаа соработката пред минатогодишниот Ролан Гарос, а потоа Ѓоковиќ го пропушти комплетниот втор дел од сезоната поради повредата на лакотот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА