Се е подготвено за Авицена женската трка

Авицена женска трка, како најава за познатиот „Виз Ер Скопски Маратон“, ќе ја краси македонската метропола утре кога на потегот на булеварот „Илинден“ ќе се реализира нејзиното шесто издание. Организаторите истакнаа дека се пријавени околу 1.600 жени, а ќе бидат доделени награди во седум возрасни категории. Ќе учествува и нашата најдобра маратонка Весна Кираџиева, која потенцираше дека ќе трча рекреативно. Таа апелираше до припадничките на понежниот пол да бидат активни и да го искористат денот на шегата – 1 април, за да се појават маскирани на стартната рамнина.

Позната е и програмата во пресрет на стартот на трката. Од 09.30 часот ќе се реализираат аеробик вежби за загревање, во 10 часот стартува трката на 2 километри, а потоа ќе следи прогласувањето на победниците, како и лотарија.

 

Се вчитува...