Машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на турнирот во Балатонфуред, Унгарија. По вчерашниот триумф против младинците на Веспрем, македонските ракометари во вториот меч, денеска го победија составот на Ајка со 28-24.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац, уште во првиот дел оставрија четири гола предност (14-10), а потоа успеаја да ја сочуваат позитивата до крај и да ја запишат втората победа.
Димитар Димитриоски со седум и Томислам Јагуриновски со шет гола беа најефикасни во македонскиот состав.
Во наредните два дена, на младинците им претстојат уште двата дуели со репрезентацијата на Бугарија.
На турнирот во Унгарија настапува и кадетската репрезентација на Македонија. Кадетите исто така забележаа две победи во првите два меча, а денеска го играат вториот дуел со тимот на Егерсеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА