Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, кој го презеде кормилото на летонскиот клуб Рига, не ја стартуваше најдобро епизодата во овој шампионат. Рига загуби во првото коло на гостувањето кај Лиепаја со 1-0, погодокот го прими во судиското продолжение од натпреварот.
Рига и Вентспилс важат за фаворити за титулата во шампионатот на Летонија, а Седлоски ќе мора да се обиде да ги намести коцките во мозаикот на својот тим за следните првенствени искушенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА