Американската тенисерка Слоун Стивенс е победничка на Мастерс турнирот во Мајами. Таа во финалето ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 2-0 во сетови (7-6, 6-1). Стивенс дојде на турнирот како 13.носителка, но тоа не и беше малер. Напротив, Американката успеа да елиминира неколку одлични тенисерки на патот до финалето, како Мугуруза, Кербер и Азаренка.
Финалето беше драматично во првиот сет, кој отиде во тај-брејк, а Стивенс го доби со 7-5 на поени. По ова, концентрацијата на Остапенко падна на очајно ниво, а Слоун Стивенс тоа го искористи да слави со 6-1 во гемови во вториот сет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА