МЗТ Скопје Аеродром едвај стигна до победа против Куманово (81-79) на стартот од Суперлигата. Салата „Јане Сандански“ памети и многу, многу поголема посета и навивачка атмосфера на трибините, но за нешто такво секако дека треба и кошаркарите да покажат многу повеќе и да ги привлечат гледачите да дојдат и да гледаат допадлива кошарка.
За децата од Аеродром, МЗТ се уште е целиот свет, но, сепак, јасно е дека оние пребирливите кошаркарски љубители очекуваат далеку подобри игри од пулените на Жељко Лукајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА