Вардар ќе игра против Кил за пласман на Ф4 турнирот во Келн во одбраната на титулата вцо Лигата на шампионите. Германскиот тим во денешниот реванш претрпе минимален пораз од ПИК Сегед со 28-27, но Кил го доби првиот осминафинален натпревар на домашен терен (29-22) и обезбедува пласман во четвртфиналето на ЛШ.
Поради поклопувањето на натпреварите во ЛШ и во Бундес-лигата, Кил во дуелот со ПИК Сегед прифати „замена на домаќинството“ и реванш на гостински терен. Но, тоа не беше пречка за избраниците на Алфред Гисласон да ја остварат целта и да обезбедат плаксан во четвртфиналето на ЛШ. Германците во првиот меч направија залиха од седум гола (29-22) и на реваншот во Сегед успеаја да ја одбранат предноста и да го продолжат настапот во ЛШ.
Домаќините се обидуваа да ја анулираат негативата и во првото полувреме во поголем дел беа во водство, најмногу со +3 (5-2), но Кил во финишот успеа да изедначи и на одмор замина со гол предност (12-13).
По изедначената игра на стартот од второто полувреме, домаќините успеаја да се вратат во предност, врзаа три гола ви серија и поведоа со 19-17 во 39.минута од натпреварот. Прв пат на три гола предност домаќините дојдоа во 43.минута кога Јонас Калман зголеми на 21-18. Тоа ги подгреа надежите на ПИК Сегед, но унгарскиот тим се уште беше многу далеку од потребните +8 за европско четвртфинале. Во финипот Кил ја презеде контролата на играта и на резултатот и го потврди пласманот во Топ 8.
На првиот натпревар од четвртфиналето во ЛШ на (18-22 април), Вардар ќе му гостува на Кил, а реваншот (25-29 април) ќе го игра на домашен терен во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА