Работнички ја продолжи својата победничка низа и во Суперлигата. Кошаркарите на Марин Докузовски без поголеми проблеми остварија убедлив триумф на гости против АВ Охрид, славејќи со 55-85. Очигледно дека момците од „Градски парк“ имаа пријатна прошетка крај охридското крајбрежје.
Првиот период Работнички го доби со 13-21, а на полувремето веќе имаше двоцифрена предност (30-43). На крајот, триумфот беше изразен со 30 поени разлика (55-85).
Маркус Гинјард со 21 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а Расел Робинсон уфрли 12. Кај охриѓани, најистакнат поединец беше Рос Кенет со 21 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА