Црногорскиот тим Будуќност е првиот финалист во АБА-лигата, откако вечерва во Подгорица во салата „Морача“ на убедлив начин ја доби ’мајсторката’ против Цедевита со 72-57, и го обезбеди вториот триумф во полуфиналната серија.
Натпреварот беше неизвесен во првите три четвртини, Цедевита на полувремето имаше предност од четири поени (28-32), но црногорскиот тим фуриозно го одигра последниот период и на крајот славеше дури и убедлива победа.
Најефикасен кошаркар во таборот на Будуќност беше Петар Поповиќ кој постигна 14 поени, а Никола Ивановиќ уфрли 13. Во составот на Цедевита, Роко Укиќ беше единствен двоцифрен со 12 поени.
Утре се игра ’мајсторката’ од вториот полуфинален двобој, а се среќаваат Црвена Звезда на македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА