Македонскиот фудбалски интернационалец Јован Костовски беше стрелец на погодок за својот тим Леувен во ремито против Варегем (2-2) во првенството на Белгија. Во групата која ќе се бори за пласман во Лигата на Европа, Леувен влегува со реални шанси.
Костовски на овој натпревар влезе на теренот во второто полувреме од клупата за резерви и постигна гол за израмнување на 2-2 во 87.минута, со што и му донесе драгоцен бод на својот тим. Варегем во судиското продолжение не успеа да реализира пенал за триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА