Надал ја презеде челната позиција на АТП листата

Рафаел Надал повторно се врати на првото место на АТП ранг листата со 8770 бодови. По лошиот настап на Мастерсот во Мајами, Роџер Федерер мораше да ја препушти лидерската позиција и сега е втор со 8670 бода.

Понатаму на најновата АТП ранг листа следат Марин Чилиќ и Александар Зверев кој по финалето во Мајами сега дојде на четвртата позиција, додека на петтото место е Бугаринот Григор Димитров. Во Топ 10 уште се наоѓаат и Хуан Мартин Дел Потро, Доминик Тием, Кевин Андерсон, Џон Иснер (кој по освојувањето на Мајами од 17. место дојде до 9. место) како и Давид Гофин.

Најдоброрангиран македонски тенисер е Томислав Јотовски на 537. место со 59 поени, додека Димитар Грабул е на 1441.место со 2 АТП поени.

Се вчитува...