Дејан Радоњиќ нов тренер на Баерн Минхен

Црногорскиот кошаркарски стратег Дејан Радоњиќ е новиот предводник на Баерн Минхен. Екс-тренерот на Црвена звезда ќе го предводи клубот до крајот на сезоната, а го заменува Александар Ѓорѓевиќ кој неодамна доби отказ.

48-годишниот стратег го чека напорна работа, а веќе има забелешки што прво треба да поправи во тимот откако „баварците“ викендов одново претрпеа дебакл во германскиот шампионат против Олденбург (100-77).

„Задоволство ми е што добив шанса да работам во Баерн. Имав неколку други опции во претходниве неколку месеци, но ова е предизвик за кој не морав многу да размислувам. Тимот ги загуви последните четири меча, додека на последниот примија повеќе од 90 поени. Тоа уште еднаш не смее да се случи, прво ќе ја „стегнеме“ одбраната, а потоа да ја оствариме нашата цел – одбрана на првото мести и титула“, истакна Радоњиќ.

 

Се вчитува...