ВБА и Алан Пардју ја прекинаа соработката

Управата на ВБА одлучи спогодбено да се раздели со менаџерот Алан Пардју. Англискиот стратег издржа помалку од четири месеци на клупата откако не успеа во обидот да го извади тимот од зоната за испаѓање во Премиер  – лигата.

До крајот на сезоната првиот тим ќе го води еден од тренерите во стручниот штаб на првиот тим, Дарен Мур. ВБА се уште се наоѓа на дното на табелата и речиси сигурно ќе бидат елиминирани од елитата во Англија бидејќи до крајот остануваат уште шест кола во шампионатот.

Се вчитува...