Раул Гонзалес е оптимист дека Македонија ќе продолжи со добрите игри во поголемиот дел од ЕП 2018 и во претстојниот период. Тој ќе има можност да види на дело и неколку нови ракометари на оваа ЕХФ-седмица, а Гонзалес најави дека ќе им даде шанса на помладите да покажат што знаат и умеат, за време на тренинзите, но и на саботниот пријателски натпревар против Русија.
„Имаме една седмица за да тренираме напорно, да пробаме други ракометари да ги покажат своите квалитети. Ќе имаме и еден контролен натпревар против Русија в сабота, сметам дека ние треба да играме се подобро од средба во средба, а за тоа да се случи треба и добро да се тренира, да се играат многу натпревари. Веќе почнавме со анализата на Романија како наш следен ривал во баражот. Има многу време дотогаш, но ние веќе ги анализираме нивните ракометари и сигурно ќе подготвиме соодветна тактика. Имаме мали измени во составот во однос на ЕП во Хрватска, да им дадеме шансите на помладите, за да се снајдеме подобро во ситуација како онаа на ЕП во Вараждин и повредата на Кире Лазаров. Младите можат да напредуваат само со играње, пријателските натпревари одлично служат за тие работи“ – изјави Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА