Икер Касилјас се најде на голот на Порто на синоќешниот меч со Белененсес, заокружувајќи фантастичен јубилеј од 1.000 натпревари одиграни во својата професионална кариера.
Ова беше 108. меч за шпанскиот ветеран во дресот на Порто, тој има и 725 настапи за Реал Мадрид и уште 167 како член на „црвената фурија“, со што стана само 20. фудбалер во историјата на овој спорт со 1.000 настапи.
Тој се израмни по бројот на натпревари со Томи Хачинсон, шкотскиот фудбалер кој настапуваше професионално од 1965 до 1994 година. Касилјас е само вториот Шпанец на оваа листа, а доколку игра и наредната сезона големи се шансите да го надмине рекордот на Раул Гонзалез, кој во кариерата одигра 1.034 натпревари.
Од активните фудбалери, повеќе настапи од Касилјас имаат само Џанлуиџи Буфон (1.043) и белгискиот ветеран Тими Симонс (1.016).
За жал, Касилјас немаше многу причини за славење бидејќи Порто загуби од Белененсес со 2-0, со што го загуби и првото место на табелата и сега заостанува еден бод зад лидерот Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА