Алегри: Не смее да ни се повтори второто полувреме од Кардиф

Фудбалерите на Јувентус вечерва на домашен терен го играат против Реал Мадрид првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

За „Старата дама“ ќе биде ова можност за се освети за минатогодишниот пораз во финалето кога Реал славеше со убедливи 4-1. Токму на тоа се потсетува и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кој е свесен дека неговата екипа мора да биде максимално фокусирана…

„Елиминација на еден ваков тим би бил чекор напред за нас… Секако дека го гледав минатогодишниот финален меч, и тоа неколку пати. Во Кардиф во второто полувреме за 15 минути психички не уништија и тоа не смее да ни се повтори во фаза кога имаме и реванш“ – вели Алегри и дополнува:

„Мора да знаеме психолошки да ја контролираме средбата затоа што сме свесни против каква екипа играме. Мора првенствено дефанзивно добро да играме, а со помош на навивачите верувам дека можеме до добар резултат. Ќе видиме дали ја научивме лекцијата по поразот во финалето минатата година“.

Се вчитува...