Скандал во Аргентина: Сексуално злоставувани деца од школата на Ривер плата

Што ли само се случува во аргентинскиот фудбал… само еден месец откако во Индепендиенте беше покрената истрага за проституција со фудбалери од младинската школа, денеска беше обелоденет нов скандал – и тоа во Ривер плата.

Еден од најголемите аргентински клубови се наоѓа под истрага откако беше обелоденето дека деца кои биле дел од младинската школа на Ривер биле сексуално злоставувани. Официјалната тужба до локалното обвинителство ја поднесе асоцијацијата на жртви од силување „АВИВИ“, во неа наведувајќи бројни случаи во периодот од 2004 до 2011 година. Аргентинскиот весник „Ла насион“ наведе дека жалбата се базира на информации од неименуван лекар кој во тој период работел во клубот.

Аргентинските медиуми тврдат дека веќе се уапсени шест лица, меѓу нив и Мартин Бустос, службеник задолжен за односи со јавноста, но и организатор на младинските турнири на Ривер Плата.

Челниците на аргентинскиот гигант изразија шокираност, но и порачаа дека целосно ќе учествуваат во истрагата, со цел да биде дознаена целата вистина, а учесниците во скандалот да добијат казни какви што заслужиле.

Се вчитува...