Дефанзивецот на Ливерпул Жоел Матип, ќе ја пропушти завршницата на оваа сезона поради што мора да оди на операција на бутниот мускул. Камерунецот се здоби со повреда на мускулот во саботата на гостувањето против Кристал палас, иако ги одигра сите 90 минути од средбата.
Набрзо по мечот му биле извршени медицински прегледи по кои е утврдено дека ќе мора да оди на операција, па така нема да биде на располагање за Јирген Клоп во остатокот од сезоната.
Ова е тежок удар за Ливерпул особено пред првата пресмета со Манчестер сити во Лигата на шампиони, мечот кој утре треба да се одигра на „Енфилд“. Отсуството на Матип ќе биде голем хендикеп, „црвените“ остануваат со Ловрен или Клаван да бидат партнери на Ван Дајк во централната дефанзивна линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА