СОСТАВИ ЛШ: Зидан изненади – Иско пред Бејл

Зинедин Зидан ќе се обиде да ја добие тактичката битка со Масимилијано Алегри вклучувајќи го Иско во стартниот тим на Реал за вечерашното гостување во Торино. Иако за стартер беше најавен Бејл, а како евентуално изненадување Асенсио, франускиот стратег во последен момент извади „џокер“ од ракавот, давајќи му шанса на Иско во навалното трио крај Бензема и Роналдо.

Домаќините се соочуваат со проблеми поради повреди, па Алегри нема преголем простор за маневар. Италијанскиот стратег сепак изненади вклучувајќи го Алекс Сандро во стартниот тим, и тоа во средниот ред наместо позицијата лев бек која е природна за бразилскиот интернационалец.

Јуп Хејнкес се реши за нешто попретпазлива игра на Баерн на гостувањето во Севилја, оставајќи ги Арјен Робен и Хамес Родригез на клупата за сметка на Видал и на Тијаго Алкантаара. Баварците сепак поседуваат доволно оружја во тимот, ако се знае дека Левандовски ќе има помош од Рибери и од Милер.

ЈУВЕНТУС – РЕАЛ М.

ЈУВЕНТУС: Буфон, Де Шилјо, Кјеелини, Барѕалји, Асамооа, Кедира, Бентанкур, Алекс Сандро, Даглас Коста, Дибала, Игуаин.

РЕАЛ М.: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Крос, Модриќ, Кашемиро, Иско, Роналдо, Бензема.

СЕВИЛЈА – БАЕРН М.

СЕВИЛЈА: Сорија, Навас, Ескудеро, Ленглет, Кјер, Пизаро, Нзонзи, Сарабија, Васкез, Кореа, Бен Једер.

БАЕРН: Улрих, Кимих, Бернат, Хумелс, Боатенг, Мартинез, Видал, Тијаго, Милер, Рибери, Левандовски.

Се вчитува...