Дурант за триумф на Вориорс, на Оклахома не и помогнаа ниту 44 поени на феноменалениот Вестбрук

Голден стејт запиша извонредна победа на гости против Оклахома од 107-111, во натпревар во кој кај Вориорс блескаше Кевин Дурант со 34 поени и 10 скока.

Најдобро го следеше Клеј Томпсон со 20 поени. На домашните, да се спасат од поразот не им помогна ниту феноменалната партија на Расел Вестбрук кој мечот го заврши со 44 поени, 16 скока и 6 асистенции.

Денвер предводен од српскиот кошаркар Јокиќ славеше против Индијана со 107-104 продолжувајќи ја борбата со Њу Орлеанс за место во плеј-офот. Двата тима имаат по 43 победи, а Нагетси пораз повеќе.

Јокиќ постигна 30 поени, со седум асистенции, шест скока и четири украдени топки. Го следеше Вил Бартон со 26 поени и 10 скока, а 14 поени постигна Пол Милсап. Кај Индијана најефикасен беше Виктор Оладипо со 25 поени, 7 асистенции и 6 скока, а 16 поени дополни Дарен Колисон.

Феникс славеше против Сакраменто со 97-94 конечно после 15 едноподруго порази. До триумфот ги предводеше Џош Џексон со 28 поени и 6 скока, додека во поразениот тим најдобар беше Богдановиќ со 22 поени, 4 асистенции и три скока.

ЛА Клиперс славеа против Сан Антонио со 113-110, предводени од Тобијас Харис со 31 поен и 9 скока, додека 22 поени запиша Лу Вилијамс. Најефикасен кај Спарси беше Ламаркус Олдриџ со 35 поени, дополнети и со 9 скока.

Портланд доживеа изненадувачки пораз на гостувањето кај Далас од 115-109. Во тимската игра на Далас најмногу поени запиша Денис Смит (18), а Ферел, Барнс и Бареа дополнија со по 15 поени. Кај Портланд, Дамијан Лилард постигна 29 поени, а Јусуф Нуркиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 13 скока.

Кливленд беше подобар од Торонто победувајќи со 112-106 воден од Леброн Џејмс со 27 поени и 10 скока, а Хјустон благодарение на 38 поени на Џејмс Харден славеше против Вашингтон со 120-104.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Торонто 112-106, Филаделфија – Бруклин 121-95, Мајами – Атланта 101-98, Њујорк – Орландо 73-97, Чикаго – Шарлот 120-114, Хјустон – Вашингтон 120-104, Далас – Портланд 115-109, Милвоки – Бостон 106-102, Оклахома – Голден стејт 107-111, Денвер – Индијана 107-104, Јута – ЛА Лејкерс 117-110, Феникс – Сакраменто 97-94, ЛА Клиперс – Сан Антонио 113-110

Се вчитува...