Македонските тенисери со победа го почнаа настапот во 1. коло од Третата Европска зона од Дејвис-купот, натпреварување што се одржува во Пловдив, Бугарија. Прв на теренот истрча нашиот тенисер Горазд Србљак, кој неочекувано лесно и убедливо го совлада Егил Сигурдсон од Исланд со 6-0, 6-2, за нешто повеќе од еден час игра.
Следен на теренот ќе се појави Димитар Грабул, кој ќе ги одмери силите со Биркир Гунарсон, играч – селектор на исландската Дејвис-куп репрезентацијата.
Во вториот меч од групата А во Пловдив се среќаваат Бугарија и Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА