Реал се „лади“ за Азар – ем прескап, ем не е во форма

Еден Азар долго време се наоѓаше на листата со желби на Зинедин Зидан, се најавуваше „кралска офанзива“ по белгискиот ас во претстојниот летен преоден рок, но последните информации велат дека Реал би можел предвреме да се откаже од ваквата намера.

Причини има две – превисоката сума што ја бара Челси и се послабата форма во која се наоѓа Азар. Лондонскиот клуб го има проценето својот ас на најмалку 100 милиони фунти, сума што се чинеше реална до стартот на сезонава, но сега е превисока поради очајните игри на Азар во поголемиот дел од овој шампионат. „Кралевите“ стравуваат дека со високата отштета ќе се создаде уште поголем притисок врз Белгиецот, кој доколку продолжи со падот во формата би можел да стане едно од најголемите трансфер-разочарувања во клупската историја.

Згора на тоа, на крилната позиција Реал го има младиот и исклучително талентиран Асенсио, на овој дел од теренот игра и Иско, така што ангажманот на лев крилен офанзивец не е приоритет. Наместо тоа, Флорентино Перез е решен да доведе врвен централен напаѓач, со Хари Кејн и Роберт Левандовски како приоритети за летово.

Се вчитува...