Кошаркарите на Шкупи остварија убедлива победа над Струмица (95-77) во второто коло од плејаутот во кошаркарскиот шампионат. Гостите имаа сили за водство само по првата четвртина (23-27), но потоа Шкупи ја презеде контролата и на полувреме водеше со 43-37. До крајот, разликата стана двоцифрена, а победата на домаќинот сосема заслужена.
Џонатан Догбо со 21 поени и Абиодун Адегоке со 19 поени беа предводници во тимот на Шкупи на овој меч.
Фени индустри на домашен терен го совлада младиот состав на Карпош Соколи со 107-85. Уште од стартот кавадарчани се наметнаа како фаворити и го прегазија противникот. Јасмин Биберовиќ со 28 поени и Предраг Пајиќ со 20 поени го носеа тимот во овој триумф, а Сапунџиев исто така беше расположен за игра со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА