Манчестер Сити вчера имаше лош ден. Освен што беа поразени од Ливерпул на „Енфилд“ со 3-0, во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите, „граѓаните“ тешко минаа и нa друг план. Навивачите на Ливерпул го нападнаа автобусот на гостинскиот тим со лименки, факели и со празни флаши. Никој од играчите не беше повреден, но настрадаа двајца полицајци.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека не биле преземени потребните мерки за безбедност.
„Кога полицијата знае дека нешто ќе се случи, тие се обидуваат тоа да го спречат. Не го очекував ова од жителите на Ливерпул. Ние дојдовме да играме фудбал и не ја разбирам оваа ситуација. Автобусот е уништен, не мислев дека вакво нешто може да се случи во престижен клуб каков што е Ливерпул. Не е тоа Ливерпул, тоа се неколку луѓе. Се надевам дека ова нема да се повтори никогаш повеќе“ – изјави Гвардиола.
Од Ливерпул се извинија за инцидентот и нападот го оценија како „целосно неприфатлив“. Од клубот претходно ги повикаа навивачите на коректно навивање и поддршка, но дел од фановите не го испочитувале тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА