Спортскиот директор на Рома, Мончи, и покрај тешкиот пораз на Рома против фаворизираната Барселона од 4-1, се уште се надева на пласман во полуфиналето од Лигата на шампиони. Мончи посочи дека и неколку одлуки на главниот арбитар влијаеја врз резултатот, потенцирајќи дека за неговиот тим требало да има најмалку еден пенал.
„Резултатот не е реален според она што го видовме на теренот. Мило ми е што играчите ја извршија задачата за која долго се подготвуваа, да се спречи Меси. Го направивме тоа, но затоа на напаѓачки план ни недостасуваше малку среќа, но и концентрација. Покрај другото сметам дека и судијата направи неколку грешки што влијаеја врз резултатот, имаше барем еден пенал во наша корист. Сепак, ништо не е готово, ова е Лига на шампиони и не смееме да се предадеме пред време. Против Челси дадовме три гола, победивме 3-0, зошто да не го направиме истото и со Барселона“, истакна Мончи по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА