Работнички стана здодевен со победите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички продолжува да ја демонстрира својата моќ на домашната кошаркарска сцена, бележејќи ја 24. победа во низа од стартот на сезонава. Гостивар се обиде, издржа една четвртина и не успеа да стори нешто повеќе, бидејќи потоа домаќините се одлепија и не дозволија ниту неизвесен финиш, камоли изненадување.

Штета, во сезоната кога тимот гази се пред себе „Градски парк“ повторно не беше полн, но затоа на трибините се најдоа долгогодишниот репрезентативец Владо Илиевски, поранешниот тренер на МЗТ Скопје , Алек Јончевски, директорот на АМС, Дарко Каевски…

 

Се вчитува...