Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски со својот Ал Дафра запиша значајна победа во 20. коло од шампионатот на ОАЕ, славејќи на гостувањето против директниот конкурент за опстанок, екипата на Хата.
Ал Дафра стигна до триумф од 1-2 против Хата, тим кој претходно го водеше токму македонскиот стратег. Хаџиевски, на некој начин, му пресуди на својот поранешен тим кој сега остана со 13 бода на последната позиција од табелата, додека Ал Дафра стигна до значајни три бода со кои сега со вкупно 18 се издвои од двете последнопласирани екипи.
Ал Дафра до триумфот стигна со пресврт. Домашните поведоа преку Габриел Фернандо во 48. минута, за да потоа со погодоците Ал Катири во 63. минута и Алмеида во 69. минута гостите стигнат до победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА