Скандал во Португалија: Ристовски и соиграчите од Спортинг одбија да тренираат поради претседателот

Фудбалерите на Спортинг Лисабон синоќа загубија од Атлетико Мадрид со 2-0 на „Ванда Метрополитано“ во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. По поразот, претседателот на клубот, Бруно де Карвалјо, јавно преку социјалните мрежи ја критикуваше нивната игра, а денеска тие бараа да дојде и да ги погледне в лице, одбивајќи да го одржат планираниот тренинг.

Претседателот на клубот не се појави во соблекувалната, па македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и соиграчите, поддржани и од тренерот Жорге Жесус, во знак на протест не истрчаа на тренинг. Останува да се види како ќе се развива ситуацијата, со оглед дека в недела Спортинг Лисабон го очекува натпревар од домашниот шампионат против Пакош Фереира.

 

Се вчитува...