Дејвис Куп: Македонија подобра од Кипар, на крај трети во Третата европска зона

Македонската Дејвис куп репрезентација денеска во Пловдив во натпреварот за третото место во Третата европска зона ја победи селекцијата на Кипар, на крајот освојувајќи го третото место на турнирот кое ништо повеќе освен останување во истата натпреварувачка зона и следната година.

Македонија ги доби двата меча во поединечна конкуренција, па уште пред дуелот во двојки, ја осигура победата против Кипраните.

Горазд Србљак во два сета со 6-1,6-2 го победи Николас Кампбел, додека Димитар Грабул во три сета, со 6-1,5-7,7-6(5) славеше против Манелаос Ефстатиу.

Се вчитува...