Македонија (У-15) го освои турнирот „Јосип Каталински – Шкија“

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години е победник на Меѓународниот меморијален турнир „Јосип Каталински – Шкија“, кој се одржа во Сараево. Во финалето, нашиот пионерски национален тим, предводен од селекторот Звонко Златановски беше доминантен и со триумф од 6-0 ја совлада селекцијата на град Белград.

Во полуфиналето, Македонија беше подобра и од селекцијата на Сараево и Источно Сараево.

 

Се вчитува...