Академија Пандев и Вардар ги поделија бодовите (1-1) во натпреварот од 26. коло од ПМФЛ кој се играше во Турново.
Главно на мечот се се случи во само тие три минути во кои и се „случија“ погодоците. Најпрво Чешмеџиев во 50. минута донесе водство за струмичани, а во 53. минута Максим Максимов израмни за конечни 1-1…
Во продолжението без многу возбудувања… Академија Пандев и по 12 едноподруго натпревари не успеа да стигне до триумф во шампионатот, но и со овој боде без сомнение ја продолжува битката за европски излез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА