Јокиќ со „трипл-дабл“ ги елиминираше Клиперси, „револверашка“ пресметка на Дејвис и Дурант

Никола Јокиќ го запиша својот деветти „трипл-дабл“ сезонава со кој дополнително го доближи Денвер до плеј-офот во НБА лигата. Денвер славеше со 134-125 па го исфрлија директниот конкурент од борбата за доигрување.

Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, и притоа уште по 11 скока и 11 асистенции. Најефикасен во петтата едноподруго победа на Нагетси беше Вил Бартон со 31 поен.

Денвер ја дели осмата позиција на табелата со Минесота со скор од 45-35, а двата тима до крајот на регуларниот дел имаат уште по два меча.

Портланд загуби од Сан Антонио со 116-105, што е веќе трет врзан пораз за овој тим. Но, и натаму е сигурен на третата позиција пред плеј-офот.

ЛаМаркус Олдриџ ги предводеше Спарси до победата со 28 поени а Ману Џинобили дополни со 17 поени. Дамијан Лилард кај Портланд постигна 33 поени.

Оклахома во Хјустон славеше со 108-102 со по 24 поени на Џорџ и Вестбрук кој уште имаше и 10 асистенции и 7 скока. Харден постигна 26 поени, дополнети со 9 асистенции кај домашниот тим.

Извонреден натпревар одиграа Голден стејт и Њу Орлеанс (120-126), маестрални беа Кевин Дурант со 41 поен и 10 скока кај домашните, односно Ентони Дејвис со 34 поени и 12 скока кај гостите. Никола Миротиќ кај Пеликанс постигна 28 поени.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...