Леванте направи огромен чекор напред кон осигурување на опстанокот во Примера дивизион откако тимот на нашиот Енис Барди попладнево стигна до огромна победа на дуелот со Лас Палмас од 2-1.
Стануваше збор за битка меѓу две екипи кои се борат за опстанок, а Леванте стигна до триумф благодарение на голот на Кампана во 92. минута. Трите бода се уште позначајни ако се знае дека Леванте последните пет минути ги играше со фубалер помалку, по црвениот картон на Коке (стрелецот на првиот гол).
Енис Барди повторно не беше стартер во тимот на Леванте, но влезе во игра кон средината на второто полувреме.
Леванте со оваа победа има 31 бод, дури осум повеќе во однос на Ла Коруња, со која се бори за место во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА