Репрезентацијата на Тунис се соочи со огромен проблем на два месеци пред стартот на СП 2018, по тешката повреда што ја заработи најдобриот фудбалер на оваа земја, Јусеф Мсакни.
Станува збор за играч што од страна на тунискиот селектор неодамна беше наречен „туниски Меси“, какоо компарација дека станува збор за фудбалер околу кого се вртат сите работи во играта на оваа репрезентација. Мсакни требаше да биде лидер на Тунис на претстојниот мундијал, но плејмејкерот заработи тешка повреда на коленото при настап во катарскиот шампионат за тимот на Ал Духаил.
„Огромно е разочарувањето што нема да можам да настапам на СП 2018, но и да му помогнам на Ал Духаил во финишот од сезонава“ – ја потврди лошата вест и самиот фудбалер.
Тунис се наоѓа во иста група за СП 2018 со селекциите на Англија, Белгија и на Панама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА