Механичарот Франческо Сигарини доживеа несреќа на ГН на Бахреин во Формула 1, откако во боксот беше буквално прегазен од Кими Раиконен. Тој веднаш беше префрлен во болница и беше опериран, за да биде санирана двојната скршеница на левата потколеница. Еден ден по несреќата, Сигарини се чувствува добро и среќен е што Ферари сепак победи, преку Себастијан Фетел.
„Се е в ред, најважно е дека победивме. Би сакал да се заблагодарам за големиот број пораки кои ми пристигнаа во знак на поддршка. Ве гушкам сите“, истакна механичарот на Ферари.
Тој по неколку дена ќе биде транспортиран од Бахреин во Италија, каде ќе продолжи со опоравувањето по оваа несреќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА