Англискиот премиерлигаш Ливерпул го посакува белгискиот интернационалец Маруан Фелаини како засилување за следната сезона. На крајот од шампионатот на играчот за врска му истекува договорот со Манчестер јунајтед, а за него интерес покажуваат и Рома и турските клубови Бешикташ и Галатасарај. Но, Фелаини најмногу би сакал да остане во Премиер – лигата.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го гледа Фелаини како одлична замена за Емре Џан, кој најверојатно ќе си замине од „Енфилд роуд“, а овој трансфер би можел да предизвика голема бура, со оглед дека Белгиецот е поранешен играч на Евертон, градскиот ривал на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА